Промет во трговија во ноември

49

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во ноември 2016 година, во споредба со ноември 2015 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 12,7%, а реално за 13,7%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 15,1%, а реално за 15,9%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 14,1%, а реално за 14,6%).