Цените на угостителските услуги во декември 2016-та година, во однос претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Цените на угостителските услуги во декември 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,4%.
Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 0,4%, додека во однос на декември 2015 година се зголемени за 0,2%.