Управата за јавни приходи ја објави листата на должници број еден за долгови доспеани до 30-ти септември 2016 година и неплатени до 31.12.2016 година. Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Физичките лица и вршители на самостојна дејност, кои се најдоа на листата, имаат долгови повисоки од 120.000 денари. Кај правните лица, долговите надминуваат 300.000 денари.
На првата листа за оваа година се најдоа вкупно 4.546 физички и правни лица како должници.