Францускиот старт – ап SeaBubbles дизајнираше летечко такси возило што ќе може да превезува патници по течението на пловните реки, како што е реката Сена во Париз. Ова електрично возило со футуристички изглед ќе се движи неколку сантиметри над водата и ќе може во исто време да превезе шест лица, пишува Bloomberg.
“Сите градови се соочуваат со голем сообраќаен метеж, а од друга страна водните патишта се целосно запоставени. На пример, во Сан Франциско на луѓето може да им заштедиме еден час дневно додека патуваат од центарот на градот до Силиконската градина и обратно“, вели Андрес Брингдал, кој заедно со Ален Тубу го создадоа SeaBubbles.
Ова такси ќе биде целосно еколошко, бидејќи не емитува никакви штетни гасови што би можеле да ја загадат водата или воздухот, а е целосно изработено од биоразградливи материјали. Кога ќе ја постигне и максималната брзина, SeaBubbles не предизвикува бранови.
Идејата на основачите на овој француски старт – ап е нивниот изум да биде како жолтите такси возила во Њујорк, а разликата ќе биде во тоа што SeaBubbles се забавни, еколошки и безбедни. Се очекува нивното производство да започне во февруари оваа година, а веќе во јуни да бидат првите завршени летечки такси возила.