Сеавус Инкубатор и Мајкрософт Македонија ја промовираат програмата БизСпарк – бесплатни лиценци за стартапи

seavus-inkubator

Сеавус Инкубатор во соработка со Мајкрософт Македонија ги канат сите ИТ стартапи на првата презентација на програмата БизСпарк во среда од 17:30 часот во просторите на инкубаторот, стои во соопштението.

Програмата,којашто е започната на глобално ниво пред неколку години, за првпат оваа година е достапна за македонските стартапи, кои можат да добијат бесплатни лиценци од Мајкрософт.

БизСпарк програмата има за цел технолошки да им помогне на стартапите за да може да ги остварат своите цели во најкраток период и да ги поврзе со Сеавус Инкубатор и Старт – ап Македонија кои ќе им помогнат во растот, а со тоа ќе се стимулира и иновативен локален еко – систем.

На настанот ќе говорат: Нина Синџија, менаџер за информирање на корисници во Мајкрософт, за придобивките од програмата и успешните проекти со останатите стартапи од регионот; Даниел Данаиловски, P – seller во Мајкрософт, за Азуре; и Игор Изотов од Сеавус Инкубатор за помошта од овие програми во рано лансирање на продукти или услуги на пазарот.