Катар троши 500 милиони долари неделно на проекти за СП во фудбал

40

katar

Катар троши 500 милиони долари неделно за да ги заврши сите планирани проекти до почетокот на Светското фудбалско првенство, што треба да се одржи во 2022 година, пишува Guardian.

“Трошиме скоро 500 милиони долари неделно и така ќе биде додека не ги завршиме работите. Не сакаме да се доведеме во ситуација да ги градиме стадионите, а првенството да започне и луѓето да бидат пристигнати во нашата земја. Вкупниот буџет изнесува 200 милијарди долари“, вели катарскиот министер за финансии Али Шареф Ал – Емади.

Во земјата освен стадиони, се градат и патишта, пристаништа, хотели, болници, аеродроми.