Во декември минатата година, се издадени 333 одобренија за градење, што е за 0,9% помалку во однос на истиот период во 2015 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7.433.793.000 денари што е за 52,9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 199 (59,8%) се наменети за објекти од високоградба, 39 (11,7%) за објекти од нискоградба и 95 (28,5%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 333 објекти, на 221 (66,4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 112 (33,6%) објект инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 419 станови со вкупна корисна површина од 41.887 метри квадратни.