Во Република Македонија се попишани 4.948 капацитети и тоа: 4.378 угостителски објекти – дуќани и 570 објекти за сместување на гости, покажува Пописот на капацитети во угостителството.
Најголема концентрација на угостителски објекти има на територијата на Скопскиот регион каде што се попишани 1.314 објекти или 26,6% од вкупно попишаните објекти на територијата на Република Македонија.
Општини со најголема концентрација на угостителски објекти се: Тетово 10,2%, Центар 7,8%, Куманово 5,2%, Гостивар 4,9%, Охрид 4,8%, Битола 4,2%, Струга 3,8%, Карпош 3,5%, Чаир 3,2% и Прилеп 2,9%, каде што се лоцирани вкупно 50,5% од угостителските капацитети во Република Македонија.
Пописот на капацитетите во угостителството се спроведе заедно со Пописот на капацитетите во трговијата на
мало, во периодот од први до 12 ноември 2016 година, на целата територија на Република Македонија. Целта на Пописот беше да се обезбедат податоци на ниво на целата земја за бројот, видот, големината, структурата,
просторот и вработените во угостителските објекти.