Заклучно со 15-ти февруари оваа година, до кога истекува законскиот рок за исплата на втората рата од средствата за откупеното грозје од последната берба, винарската визба Тиквеш исплати близу 63% од вкупната вредност на откупеното грозје, стои во соопштението.
На ваков начин, како што се наведува, винарницата повторно го надмина законскиот праг којшто предвидува до средината на февруари на лозарите да им бидат исплатени минимум 60% од средствата за откупеното грозје.
“На ваков начин Тиквеш го потврдува својот сериозен однос кон своите партнери – лозарите, овозможувајќи им навремено и квалитетно да ги реализираат сите планирани подготовки за новата винска сезона“, велат од винарската визба Тиквеш.
Минатата година, Тиквеш откупи околу 17,5 милиони килограми грозје со вкупна вредност од 263,5 милиони денари.