Реплек прокнижи добивка од 110,3 милиони денари во 2016

67

replek

Компанијата за трговија со фармацевтски производи и медицинска опрема, Реплек, 2016 година ја заокружи со вкупна сеопфатна добивка од 110.321.000 денари, стои во консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, добивката на компанијата достигна 92.153.000 денари.

Вкупните приходи од продажба лани изнесуваа 829.489.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 425.363.000 денари, а 404.126.000 денари на пазари во странство. На крајот на 2015 година, компанијата оствари 810.972.000 денари вкупни приходи од продажба. Од тој износ, на домашен пазар се остварени 412.636.000 денари, додека остатокот од 398.337.000 денари се реализирани на пазари во странство.

Реплек во текот на 2016 година, како што стои во Образложението на билансот на успех, има исплатено дивиденди и даноци за исплатени дивиденди во вкупен износ од 71.0789.000 денари, односно исплата на дивиденда во нето износ од 2.468 денари по акција. Компанијата има приливи од дивиденда од придружени друштва во износ од 39.412.000 денари. Според Образложението, во текот на годината е извршена докапитализација на Реплек АД Скопје во Реплек Фарм ДООЕЛ Скопје во вкупен износ од 6.000.000 денари.

Освен основната дејност, Реплек во соработка со ланецот на маркети Хубо од Белгија поседува супермаркет за широка потрошувачка, а се занимава и со трговија на долна облека, расветни тела и угостителство.