Добивка од 8,4 милиони денари за Жито Полог од Тетово

64

zito-polog

Жито Полог од Тетово од јануари до декември лани евидентираше вкупна сеопфатна добивка во износ од 8.400.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Од први јануари до 31-ви декември 2015 година, компанијата прикажа загуба од 3.456.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во 12-те месеци од ланската година изнесуваат 291.978.000 денари. На домашен пазар, од нив, се реализирани 290.685.000 денари, а остатокот од 1.239.000 денари е остварен од извоз.

Основна дејност на Жито Полог е производство на мелнички и пекарски производи, тестенини и јајца.