Макотекс лани оствари 13,9 милиони денари загуба

38

makoteks-1

Макотекс, во временскиот период од јануари до декември лани, прикажа загуба од 13.963.000 денари, стои во билансот на успех што е објавен на Македонска берза.

На крајот на 2015 година, загубата на компанијата изнесуваше 7.493.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно со 31.12.2016 година изнесуваа 16.611.000 денари, додека една година претходно имаа салдо од 19.216.000 денари.

Макотекс е компанија чија примарна ориентација е насочена кон големопродажба, увоз и извоз на текстил и облека, магацинско работење и туризам.