Прехранбената компанија Пекабеско минатата година ја заврши со добивка од 110.392.000 денари, додека на крајот на 2015 година, позитивниот финансиски резултат беше 77.214.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, според билансот на успех објавен на Македонска берза, изнесуваат 3.989.786.000 денари. Од нив на домашен пазар се остварени 3.556.116.000 денари, додека извозот лани достигна 433.669.000 денари.
“Во структурата на вкупните приходи, најголемо учество од 99% имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги, кои во споредба со остварените во 2015 година, бележат пораст од 18%“, стои во Образложението за остварените резултати.
Основна дејност на компанијата е производство на сувомесни производи и дистрибуција на храна и цигари.