УЈП: Уште една недела за поднесување Годишна даночна пријава

22

foto-ujp-foto

Фото: УЈП

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека имаат уште една недела до крајниот рок за поднесување на Годишна даночна пријава.

Регионалните дирекции (Скопје, Битола, Прилеп, Штип, Струмица и Тетово), дирекцијата за големи даночни обврзници Скопје и Даночните одделенија (Охрид, Струга, Ресен, Кавадарци, Велес, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Виница, Свети Николе, Берово, Гевгелија, Радовиш, Гостивар, Кичево и Дебар) ќе работат секој работен ден од 8:30 до 18 часот и сабота од 8:30 до 14 часот.

Работното време на даночните шалтери (Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево, Кратово, Делчево, Пробиштип и Валандово) и на мобилните даночни шалтери е од 8:30 до 16:30 часот секој работен ден.

Заклучно со четврти март, поднесени се вкупно 216.695 даночни пријави, од кои 1.039 се поднесени по електронски пат.