РЖ Институт прокнижи загуба од 16,1 милиони денари во 2016 година

50

rz-institut-portfolio

РЖ Институт од јануари до декември лани оствари загуба од 16.141.000 денари, додека една година претходно таа беше на ниво од 58.819.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви декември 2016 година, изнесуваа 96.677.000 денари. Од нив на домашен пазар, според билансот на успех објавен на Македонска берза, се остварени 95.448.000 денари. Остатокот од 1.229.000 денари се реализирани на пазари во странство.

РЖ Институт се занимава со производство на алуминиум и алуминиумски гранули, огноотпорни материјали за потребите на челичната индустрија, песоци за пескарење и за кочни системи, индустриска вар. Истражувачката дејност на компанијата вклучува истражување од областа на рударството и металургијата.