ЖАС ланската година ја заврши со 12,5 милиони денари загуба

32

zas-skopje

Компанијата за товарен патен транспорт, ЖАС од Скопје, 2016 година ја заврши со загуба од 12.530.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Претходната 2015 година, компанијата прикажа загуба од 5.770.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во 2016 година изнесуваа 3.624.000 денари, а на крајот на 2015 година тие беа на ниво од 5.389.000 денари.

Освен товарен патен транспорт, ЖАС се занимава и со сервисирање на товарни возила и издавање на деловен простор.