Благој Ѓорев лани оствари 541.000 денари добивка

27

blagoj-gorev-123

Производната индустрија Благој Ѓорев од Велес, од јануари до декември лани, оствари вкупна сеопфатна добивка од 541.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, добивката на компанијата изнесуваше 8.746.000 денари.

“Добивката во однос на претходната година е доста намалена поради намалена реализација и зголемени трошоци за суровини и материјали“, стои во Образложението за остварените резултати.

Заклучно со 31-ви декември, вкупните приходи од продажба достигнаа 610.792.000 денари. Од нив, на домашен пазар се реализирани 551.054.000 денари, додека остатокот од 59.738.000 денари е остварен преку извоз.