Средношколци од Ниш осмислија смеса што помага земјата да задржи вода и до 15 дена

111

zemja-i-alat

Фото: Pixabay

Средношколци од Ниш осмислија смеса што помага земјата да ја задржува водата до 15 дена, ги задржува сите хранливи материи и ги штити растенијата, пишува српски Блиц.

Овој изум го намалува времето што е потребно за одгледување на растенијата, бидејќи го минимизира количеството на вода за полевање.

“Ги гледавме растенијата во саксиите во училиштето. Земјата беше истрошена и сува, па растенијата мораше да се полеваат секој ден. Потоа, дојдовме на идеја да направиме смеса што ќе овозможи земјата да остане влажна и до 15 дена, а истовремено да ги задржи сите хранливи состојки. Така настана нашиот производи – Hidrosoil“, вели Алекса Пешиќ, ученик во нишката гимназија.

Смесата што ја осмислија учениците содржи хидрогел, вештачко ѓубриво, минералот зеолит и хумус во точно утврдени пропорции.

“Хидрогелот може да прими вода и до 100% од својата тежина и да останел влажен и до две недели. Зеолитот го штити коренот на растението и ја регулира киселоста на земјата, а вештачкото ѓубриво го храни. Сето тоа е помешано со квалитетен хумус. За да ја одредиме точната пропорција, се консултиравме и со агроном со којшто соработуваме“, додава Пешиќ.

Оваа смеса може да се користи и во домашни услови, но и на јавни површини или ораници.