dryTools од Нови Сад се спојува со компанија од Силиконската долина

45

drytools

Фото: dryTools

Новосадскиот старт – ап dryTools се спојува со компанијата Alchemy од Силиконската долина, којашто развива SaaS (software as service) платформа наменета за брз развој на производи во хемиската индустрија, пишува Startit.rs.

“Нашите алатки се наменети за дизајнирање на Saas кодови. Многу сме возбудени поради партнерството со тимот на Alchemy, чија страст за правење на одлични SaaS решенија е добро позната. Голема е честа да имаме можност да креираме софтвер заедно со тимот кој подеднакво ги цени производот и технологијата“, вели Марко Гачеш од dryTools.

Alchemy е старт – ап со седиште во Силиконската долина, а има канцеларии во Сан Франциско и Нови Сад. Специјалност на овој старт – ап се софтверски решенија наменети за хемиската индустрија.

“Со спојувањето на Alchemy и dryTools ќе комбинираме голем пазар со искуство во продажбата од една страна и силната технологија за развој на софтвер од друга страна. Заеднички на корисниците ќе им понудиме прилагодлива платформа за развој на производи“, вели извршната директорка, Саша Новаковиќ.

dryTools се занимава со креирање алатки што на програмерите во голема мера им ја олеснуваат и забрзуваат работата, така што 80% од кодовите ги генерира наместо ниво. Нивните алатки ги генерираат кодовите што мора да се вметнат при правење на било каква апликација, а преку dryTools работата на програмерите се забрзува и до четири пати.