Оилко од јануари до декември лани оствари 70,6 милиони денари добивка

40

oilko

Оилко КДА од јануари до декември лани работеше со 70.688.000 денари вкупна сеопфатна добивка, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Добивката на Оилко на крајот на 2015 година изнесуваше 63.057.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во 2016 година изнесуваа 395.973.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 361.069.000 денари, додека во странство се реализирани 34.904.000 денари.

Основна дејност на Оилко е транспорт и дистрибуција на нафтени деривати.