Цементарница Усје минатата година ја заокружи со добивка од 1.236.833.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Добивката на компанијата една година претходно беше на ниво од 1.263.538.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, од јануари до декември 2016 година, достигнаа ниво од 4.214.481.000 денари. Вкупно 3.113.776.000 денари се реализирани на домашен пазар, а остатокот од 1.100.705.000 денари е остварен преку извоз.
Компанијата е производител на цемент и други градежни материјали.