Макпетрол со позитивен резултат од 376,7 милиони денари ја заврши 2016.

29

makpetrol

Компанијата за снабдување со нафта и нафтени деривати, Макпетрол, ланската година ја заврши со добивка во висина од 376.788.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, добивката на компанијата изнесуваше 13.068.000 денари.

“Макпетрол го задржа континуитетот на остварување добивка од 2015 година и во извештајниот период за јануари – декември 2016 година, го подобри остварениот годишен финансиски резултат од претходната година за цели 442,8 милиони денари и продолжи да ја зголемува продажбата на енергенси на мало и тоа за 9%. Истовремено, ја зголеми и книговодствената вредност на акцијата којашто сега изнесува 554,3 евра“, стои во Образложението за настанатите значајни промени во финансискиот резултат, објавено на Македонска берза.

Вкупните приходи од продажба на Макпетрол, од јануари до декември лани, беа 16.317.524.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 15.720.598.000 денари, а остатокот од 596.926.000 денари е остварен на пазари во странство.