Компанијата Дик Фагус го избра најдобро дизајнираниот дрвен стол. Како најдобри дизајнери се покажаа Кортан Идризоглу, кој ја доби првата награда од 2.000 евра, Крсто Додев е второпласираниот и е награден со 1.000 евра и Паолина Милушева беше наградена со 500 евра за третото место.
Конкурсот беше инициран и организиран од компанијата Дик Фагус Македонија со цел стимулирање на иновативни и интересни дизајнерски решенија од младите македонски дизајнери и нивно промовирање локално, но и надвор од Македонија.