Интернешнел хотелс прикажа 6,6 милиони денари добивка во 2016 година

54

kontinental-580x377-580x377-580x377

Интернешнел хотелс, во период од први јануари до 31-ви декември 2016 година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 6.626.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Добивката на компанијата една година претходно беше на ниво од 2.818.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во текот на 2016 година достигнаа 104.349.000 денари, додека заклучно со 31-ви декември 2015 година изнесуваа 90.051.000 денари.

Интернешнел хотелс е компанија којашто раководи со хотелот Континентал во Скопје.