Рудници Бањани со предлог одлука за исплата на дивиденда за 2016 година.
“Се утврдува исплата на дивиденда во висина од 40,50 денари по акција нето, односно бруто дивиденда од 45 денари по акција, од акумулираната добивка од 2014 и 2015 година во изос од 1.162.613 денари, остаток од добивките до 2008 година во износ од 143.394,50 денари и дел од добивка од 2016 година во износ од 1.456.632,50 денари“, стои во предлог одлуката.
Остатокот од добивката од 2016 година, во износ од 797.070,50 денари останува нераспределен.
Датум на пресек на акционерска книга, според дивидендниот календар, е 05.05.2017 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда е втори мај 2017 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е трети мај.