Бетон прокнижи 88,3 милиони денари добивка

46

beton-dg

Друштвото за градежништво Бетон од Скопје, во период од први јануари до 31-ви декември 2016 година, оствари добивка од 88.364.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Претходната 2015 година, компанијата прикажа добивка од 91.089.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви декември 2016 година, достигнаа вредност од 2.174.389.000 денари, додека една година претходно беа на ниво од 2.780.026.000 денари.