Јака 80 од Радовиш со добивка од 5,8 милиони денари во 2016 година

158

jaka-80-radovis

Фармацевтската компанија Јака 80 од Радовиш оствари вкупна сеопфатна добивка од 5.895.000 денари, покажува годишниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во период од први јануари до 31-ви декември 2015 година, добивката на компанијата изнесуваше 3.684.000 денари.

Вкупни приходи од продажба, заклучно со 31.12.2016 година, беа на ниво од 85.012.000 денари. Од тој износ, 48.496.000 денари се остварени на домашен пазар, додека остатокот од 36.516.000 денари е реализиран на пазари во странство.

Основна деност на Јака 80 од Радовиш е производство на фармацевтски производи.