Фото: Pexels
Ланецот ресторани за брза храна Burger King соопшти дека ќе престане да купува пилешко месо од фармите во кои се измачуваат животните.
Burger King планира до 2024 година сите ресторани што ги има во САД и Канда да купуваат пилешко од фармите што ги следат стандардите што ги има поставено Global Animal Partnership, група којашто вклучува организации за грижа на животните, пишува Huffington Post. Burger King ќе ангажира свои ревизори кои ќе ја проверуваат работата на фармите.
Условите коишто фармите треба да ги исполнат се: обезбедување на поголем простор, пристап до светлина, чиста средина и слично.