Собранието на акционери на градежната компанија Бетон од Штип донесе предлог одлука за утврдување на финансискиот резултат и распределба на добивката остварена по годишната сметка и финансиските извештаи за 2016 година.
“Нето добивката остварена во 2016 година, во износ од 23.387.571 денари се распределува во нераспределена добивка и реинвестирана добивка“, стои во предлог одлуката.