Дебарски бањи Цапа од јануари до декември лани оствари 26,4 милиони денари добивка

debarski-banji-capa

Добивка од 26.487.000 денари прикажа Дебарски бањи Цапа, во период од први јануари до 31-ви декември 2016 година. На крајот на претходната 2015 година, компанијата евидентираше добивка од 10.133.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, од јануари до декември лани, достигнаа ниво од 154.724.000 денари, додека истиот период во 2015 година беа 138.518.000 денари.

Основна дејност на Дебарски бањи Цапа е специјалистичка медицинска пракса.