ЕВН ќе ги испраќа сметките за струја по меил

130

4C230A7412A22C4E880B81EDA25900ABОд сега сметките за електрична енергија ќе ги добиваме по е-маил. ЕВН Македонија воведе нова услуга, е-фактура, преку која корисниците навремено ќе ги добиваат фактурите за електрична енергија и истите ќе можат навреме да ги платат, со што ќе ја избегнат каматата за задоцнето плаќање.

Преку е-фактурите ќе се зголемуви контролата на добивањето, плаќањето и електронското архивирање на фактурите.

Услугата ќе можат да ја користат сите корисници кои ќе пополнат, потпишат и испратат формулар на електронската пошта [email protected] или, пак, директно ќе го достават формуларот во најблискиот Кориснички енерго центар (КЕЦ).

Формуларот може да се најде на интернет страната на ЕВН Македонија www.evn.mk или во сите приемни канцеларии на Корисничките Енерго Центри (КЕЦ).