Данон поради афлатоксин повлече млечни производи во Романија

46

danoneФранцуската група Данон соопшти дека се повлечени некои млечни производи од романскиот пазар. Причина за тоа е што во млекото на еден од добавувачите во оваа земја е откриено повисоко ниво на афлатоксин од дозволеното.

Од компанијата соопштија дека поради претпазливост се блокирани 75 тони производи, за кои постои сомневање дека биле во контакт со контаминираното млеко. Афлатоксинот во млекото е резултат на тоа што кравите биле хранети со мувлосана храна.

Данон има договори со 80 компании во Романија, од каде се снабдува со различни количини на млеко.

Претходно Романија беше во центарот на случувањата, кога во маркетите во неколку земји во Европа беа откриени производи кои наместо говедско, содржеа коњско месо, наводно увезено од Романија.