Комерцијална банка го продолжува промотивниот период за неколку кредити

komercijalna-banka

Комерцијална банка до 31.12.2017 година го продолжува промотивниот период на сите новоодобрени станбени кредити со ЕУР клаузула, потрошувачки кредити и денарски станбени кредити, стои во соопштението.

Во промотивниот период до 31.12.2017 година, за сите новоодобрени станбените кредити со ЕУР клаузула, надоместот за одобрување и администрирање на кредитот и трошокот за процена ќе изнесува 0 денари. За одобрени станбени кредити наменети за рефинансирање на постоечки станбени кредити во Комерцијална банка, ќе се пресметува и наплатува надомест согласно актите на Банката.

Без надомест за одобрување и администрирање ќе бидат сите новоодобрени потрошувачки кредити со ЕУР клаузула во промотивниот период до 31.12.2017 година. За одобрен потрошувачки кредит наменет за рефинансирање на постоечки потрошувачки кредити во Банката, ќе се пресметува и наплатува надомест согласно актите на Банката.

Комерцијална банка го продолжува промотивниот период до 31.03.2017 година во којшто ќе се одобрува денарски станбен кредит со каматни стапки од 4,5% фиксна годишна за три години и 6,5% променлива годишна потоа. Без надомест за одобрување и администрирање и без трошоци за процена на сите новоодобрени денарски станбени кредит во промотивниот период до 31.12.2017. За одобрени станбени кредити наменети за рефинансирање на постоечки станбени кредити во Комерцијална банка, ќе се пресметува и наплатува надомест согласно актите на Банката.