Подгорица ќе добие електрана што ќе произведува струја од отпад

54

deponija-podgorica

Фото: Facebook

Главниот град на Црна Гора оваа година ќе добие електрана којашто ќе произведува електрична енергија од отпад и соларен парк што ќе биде инсталиран на кровните површини на јавното претпријатие Депонија, пишува порталот Аналитика.

Исто така, ќе биде отворен и простор во којшто од зелениот отпад ќе се произведува хумус.

“Во главниот град почнавме да го третираме отпадот, не како проблем, туку како бизнис. Отпадот претставува шанса за развој и со вреднување на ресурсите ќе настојуваме да обезбедиме дополнителни приходи во градскиот буџет“, вели Арсениј Бољевиќ, директор на јавното градско претпријатие Депонија.

Овие три проекти, како што се наведува, ќе бидат реализирани на база на јавно – приватно партнерство, а ќе чинат околу 3,5 милиони евра.