Жито Лукс: Подобрена бруто добивката во 2016 година

41

zito-luks

Во 2016 година, компанијата Жито Лукс успеа да ја подобри бруто добивката за 45 милиони денари или 14% во споредба со минатата година, стои во Коментарот за резултатите од работењето на Жито Лукс во 2016 година.

“Ова е втора последователна година како компанијата остварува двоцифрен пораст на бруто добивката. Оперативната добивка достигна 18 милиони денари, што претставува подобрување за 20 милиони денари во споредба со минатата година“, стои во Коментарот објавен на Македонска берза.

Приходите од продажби на профитабилните сегменти на лебот, како што се наведува, бележат пораст за 5%. Вкупните приходи од продажба на домашен пазар се намалени поради дефокусот на компанијата од производите со ниска профитна маржа како што е професионалното брашно. Приходите од продажба на странски пазар се зголемени за 7%.