Тетекс ќе исплаќа дивиденда од ланската добивка

48

teteks-tetovo

Тетекс од Тетово донесе одлука за распоред на добивката по завршна сметка за 2016 година и нејзина употреба.

“Остварената добивка после оданочување на Тетекс за 2016 година, од 602.420.605 денари се распоредува за следните намени: 3.121.030 денари – износ што се внесува во законски резерви на друштвото, 50.619.980 денари – износ во вид на дивиденда на иматели на акции, 2.964.9798 денари – износ што се исплатува по Договор за уредување на односите меѓу друштвото и генералниот директор и 5.714.616 денари како нераспределена добивка“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.

Според одлуката за исплата на дивиденда и дивиденден календар, висината на дивидендата бруто по акција ќе изнесува 122,22 денари.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 10-ти април, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 11-ти април. Датум на стекнување на право на дивиденда е 13-ти април.