Kniterate – дигитална машина за плетење

309

masina

Фото: Kickstarter

Kniterate е дигитална машина за плетење што работи со софтвер за креирање на плетена облека, овозможувајќи им на корисниците сами да дизајнираат шаблони или преку поставување на слика од облеката што сакаат да им се сплете, пишува Digital Trends.

Тимот кој стои зад овој изум, Герард Рубио и Триамбак Сахена велат дека со овој уред сакаат процесот на дизајнирање и плетење на облеката да го направат многу лесен. Без разлика дали сакате да креирате марама, вратоврска, фустан, џемпер, па дури и чевли, тоа ќе може да го направите со оваа машина.

“Ние го развивме Kniterate бидејќи сакаме сите да имаат можност да го истражат својот потенцијал за плетење. На пазарот се појавија слични машини за плетење што чинат над 50.000 долари, а заземаат и премногу простор. Со Kniterate може создадете своја облека само со притискање на едно копче“, велат од тимот.

Kniterate е поставена на платформата за групно финансирање Kickstarter каде веќе има собрано над 240.000 долари од потребните 100.000 долари.