Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни попладне особено во јужните и источните делови, каде локално се очекува да наврнат од 20 до 30 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во вечерните часови засилен северен ветер.
Температурата ќе се движи од шест до 16 степени.
Во Скопје слично време, со температура до 15 степени.
Во текот на ноќта и во петок наутро на планините и на повисоките места ќе има слаби врнежи од снег. Во петок ќе дува засилен до силен северен ветер (над 80 километри на час).
За време на викендот ќе преовладува стабилно и суво време.