Mastercard спремен да ја отвори мрежата за одбрани криптовалути

31

Mastercard најави дека оваа година планира да ја отвори својата мрежа за одбрани криптовалути, со што станува дел од глобалната поддршка што во последно време ја добиваат од етаблирани финансиски кругови.

“На тој начин ќе создадеме повеќе можности за купувачите и трговците, ќе им овозможиме трансакции преку нови облици на плаќање. Таа промени за трговците може да значи пат до нови купувачи кои веќе имаат интерес за дигитални средства“, велат од Mastercard.

Оттаму истакнуваат дека ќе поддржат само одбрани криптовалути, напоменувајќи дека многу од нив мора да бидат синхронизирани со регулаторните барања.

Mastercard на клиентите веќе им нуди картички преку коишто може да вршат трансакции во криптовалути, но тие не се реализираат преку нивната мрежа.

Фото: Freepik