Најскапи уметнички дела што некогаш се продадени

218

Постојат уметнички дела во светот чија вредност достигнува огромни суми. Statista направи листа на најскапите уметнички дела што некогаш биле продадени на аукција.

Приматот најскапо продадено уметничко дело е Salvator Mundi на Леондардо да Винчи. Сликата што познатиот сликар ја направи на крајот на 15-от век, беше продадена во 2017-та година за 450,3 милиони долари.

Второ најскапо продадено уметничко дело датира од 50-тите години на минатиот век, а автор е Пабло Пикасо. Станува збор за Les Femmes d’Alger продадена во 2015-та година за 179 милиони долари.

На оваа листа се најде и дело од 1890-та година, што е продадено лани за 111 милиони долари. Станува збор за Meules на францускиот сликар Клод Моне.

Фото: Pexels