Cora – иновативна топка што ги собира микрофибер влакната од облеката што се пере

21

cora

Фото: Kickstarter

Cora е иновативна топка што се става во машина за перење, а нејзина задача е да ги собере сите миркофибер влакна што ги испушта облеката додека се пере.

“Во САД, 60% од облеката е направена од пластика. Остатокот можеби е направен од природни материјали, но тие често пати се покриени со вештачки бои, хемикалии и тешки метали. Затоа, важно е да се спречи овие штетни материи да завршат во морските води, во внатрешноста на животинскиот свет и во крајна линија на нашата трпеза“, велат од Rozalia project, организација што е задолжена за создавањето на Cora.

Оваа топка ќе биде целосно изработена од рециклирана пластика.

Rozalia project го претстави својот проект на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter. Првично побараа 10.000 долари, а на 20 дена пред крајот на кампањата успеаја да соберат над 102.000 долари.