Фото: Pexels
Научници од универзитетот Манчестер направија сито од графен што може да ја отстрани солта од морската вода, пишува Independent.
Досега научниците не успеваа да направат систем на база на графен за одвојување на морската сол на индустриско ниво. Резултатите од истражувањето спроведени на Универзитетот во Манчестер се објавени во публикацијата The Journal Nature Nanotechnology и покажува како се решени проблемите со користењето на графен оксид во процесот на издвојување на солта од водата.
Професорот Рахул Наир, кој го предводи тимот научници во Манчестер, вели дека ова е значителен чекор со што ќе се отворат нови можности за подобрување на ефикасноста на процесот на вадење на солта од морската вода.
Обединетите Нации предупредија дека 1,2 милијарди луѓе на планетава, односно 14% од вкупната светска популација нема да има чиста вода за пиење до 2025 година.
Тим научници од истиот универзитет, во 2010 година добија Нобелова награда за прво синтетизирање на графенот.