Сончево со ветер до 90 km/h

44

Времето во Македонија во поголем дел од денот ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен северен ветер кој на моменти ќе достигне брзина и до 90 километри на час. Кон крајот на денот брзината на ветерот ќе се намалува постепено.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната од четири до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и ветровито, со мала до умерена локална облачност. Ветерот ќе има засилен до силен интензитет и не е исклучено да достигне брзина и над 80 километри на час. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до девет степени.

За време на викендот ќе преовладува стабилно време со пораст на дневната температура која во недела би се движела од 13 до 18 степени.