Почна изградба на нови 76 социјални станови во Прилеп

44

,nВо Прилеп во населбата Точила вчера беше поставен камен-темелник на нова зграда со 76 социјални станови. На настанот присуствуваа министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

Зградата ќе се протега на површина од 3.220 метри квадратни, а средствата за изградба на становите ги обезбеди Европската банка за поддршка и развој, Владата и Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. Како изведувач на работите се јавува вевчанската фирма Виа инженеринг.

Како што изјави градоначалникот Ристески, објектот е почеток на заложбите на Владата и на локалната самоуправа да се отвора можност што повеќе прилепчани да го решат станбеното прашање. Градоначалникот на општината вети и зафати за урбанизација на населбата Точила со преку 5.000 жители.