Фармацевтската компанија Алкалоид ги известува своите акционери дека почнувајќи од 17.05.2017 година ќе врши исплата на дивиденда за 2016 година.
Право на исплата на дивиденда за 2016 година имаат сите акционери на Алкалоид кои се евидентирани во книгата на акции на ден 21.04.2017 година.
Од компанијата ги повикуваат сите акционери (физички и правни лица) со право на дивиденда за 2016 година, кои немаат доставено податоци за своите трансакциски и жиро сметки да се јават во друштвото најдоцна до 12.05.2017 година.