Ford создаде лулка што симулира возење во автомобил

44

fordbebe

Фото: Ford

За сите родители чие бебе се буди среде ноќ и заспива само со нишкање, Ford претстави иновативно решение.

Автомобилскиот гигант создаде лулка којашто симулира движење и вибрации на автомобил во движење.  Max Motor Dreams лулката на родителите ќе им овозможи 44 дена повеќе сон во годината, велат дизајнерите. Во лулката има инсталирано звучник од каде се слуша звук од мотор, обложена е со LED светилки во “улога“ на улично осветлување и полека се нишка симулирајќи автомобил додека вози.

“По години поминати во разговори со родители не беше тешко да се заклучи дека многумина од нив очајуваат за добар сон. Ноќното возење на бебињата во автомобилот кај многу родители се покажа како најдобро решение, но тие сепак треба да се разбудат. Max Motor Dreams може да ја промени оваа ситуација“, вели дизајнерот на лулката, Алехандро Лопез Браво.

Лулката сè уште не е достапна во јавноста, но компанијата размислува да започне со масовно производство.