Состојбата во преработувачката индустрија со поповолни оценки

44

201111290000450Раководителите на фирмите во анкетата на Државниот завод за статистика оценија дека економската состојба на фирмите од преработувачката индустрија е поповолна во февруари во однос на јануари годинава, а понеповолна споредено со февруари 2012.

Во однос на обезбеденоста на производството со порачки во февруари, споредено со јануари состојбата е поповолна, исто како и очекувањата за обемот на производството и за бројот на вработените во наредните три месеци.

Во февруари 2013, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се движат под и околу нормалата, додека залихите на готовите производи се намалени. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари годинава изнесува 60,3% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство во февруари 2013 година имаат недоволната странска побарувачка со 25,6%, недоволната домашна побарувачка со 20,2%, финансиските проблеми со 10,7%, неизвесното економско опкружување со 10,6%.