Македонија Експорт во соработка со МАССУМ за поддршка на младите

76

makedonija-eksport

Македонија Експорт во соработка со МАССУМ – Младинската асоцијација на средните стручни училишта во Македонија секоја година им дава поддршка на младите во збогатувањето на нивниот социјален и кариерен живот.

МАССУМвобединува 65 средни стручни училишта во Република Македонија. Како невладина организација и единствена од ваков тип, таа им овозможува на младите луѓе, средношколци да го збогатат својот социјален и кариерен живот и да ја истакнат својата креативност и претприемачки вештини преку активности кои се неопходни за успешен кариерен развој.

Ова се реализира преку најголемиот средношколски настан Образовно рандеву, којшто традиционално се организира веќе 10 години. Заради одржување на континуитетот на давање на можност на сите ученици и генерации и нивна подобра подготвеност за предизвиците на пазарот на трудот, МАССУМ го организира Образовното рандеву 2017 на 21 и 22 април 2017 во Скопје.

За подетални информации или доколку сакате да станете спонзор на Образовното рандеву 2017 можете да ја погледнете веб страната www.massum.org или да контактирате на mail [email protected] или на контакт тел. 070 870 604 – Благојче Ѓорчевски, Претседател на МАССУМ или на 02 31 21 907 Петар Лазаров, Македонија Експорт.