Турскиот млекопреработувач Суташ го презеде вториот чекор за ширење на Балканот и купи фабрика во Романија, која веројатно ќе ја употреби како регионална база за влез на европскиот пазар.
Суташ, кој во Македонија ја купи млекарата Сведмилк, објави дека ја презема фабриката во Букурешт која му припаѓаше на израелски млекопреработувач, пишува Хуријет.
“Среќни сме што остваривме втора инвестиција на Балканот. Кога нашите погони во Романија ќе станат оперативни, наша цел се пазарите на Европската унија”, рече Мухарем Јилмаз, претседател на бордот на Суташ.
Објектот во Романија има дневен капацитет од 500 тони. Турската компанија се надева дека ќе соработува со сродни институции во Романија за подобрување на условите за производство на млеко. Суташ планира првично да вработи 300 лица, а за една година бројката да стигне до 500.