Bosch Group и Kuehne + Nagel Полска го прошируваат партнерството

64

kine-nagel

Фото: Kuehne + Nagel

Kuehne + Nagel Полска потпиша нов договор за управување со логистика со Bosch Thermotechnology.

Bosch Thermotechnology е еден од водечките меѓународни производители на производи за греење и бојлери коишто се продаваат под брендовите Junkers, Bosch и Buderus. Kuehne + Nagel ќе биде одговорен за консолидирање на постојните три магацини во Полска и еден во Германија, на една локација во Пјотрков Трибуналски (Централна Полска), во дистрибутивен центар за готови производи и резервни делови. За да обезбеди оптимални перформанси на синџирот на снабдување, Kuehne + Nagel обезбедува магацински простор прилагоден на посебните потреби за складирање на производи за греење и бојлери. Синергијата со постоечкиот логистички кампус на Kuehne + Nagel во Пјотрков ќе овозможи подобро справување со активностите во складот што се должат на сезонскиот карактер на барањата на производите на Bosch Thermotechnology. Во рамките на договорот се вклучени услугите подигање и пакување, проверка на квалитет, менаџирање на дојдовни текови од добавувачи, подготовка на нарачки, планирање, видливост и алатки за мерење.

Kuehne + Nagel го поддржува Bosch во Полска од 1992 година.

“Многу сме задоволни што додаваме ново поглавје во долгогодишната соработка со Bosch. Новиот договор што го потпишавме со Bosch Thermotechnology го зацврстува партнерството на глобално ниво, а особено во Полска, каде веќе имаме неколку објекти. Тоа го нагласува нашиот фокус на клиентите и ја потврдува нашата стратегија да ѝ понудиме на индустријата специфични 2 од 2 решенија прилагодени на нивните барања”, рече Инго Голдхамер, управен директор на Kuehne + Nagel во Полска.

“Kuehne + Nagel е ценет и доверлив партнер на Bosch, нудејќи високи стандарди на современи магацински услуги. Задоволен сум што ја проширивме нашата соработка за да се покрие единицата Bosch Thermotechnology. Тоа ни овозможува да се оптимизира дистрибуцијата, како и модернизација на процесот на складирање”, изјави Кристоф Чемига, генерален директор на Bosch Termotechnology во Полска.

Со повеќе од 70.000 вработени на преку 1.300 локации во повеќе од 100 земји, групацијата Kuehne + Nagel е една од водечките светски логистички компании. Цврстата позиција на пазарот се базира на бродскиот, авионскиот, камионскиот транспорт и договорната логистика, со јасно фокусирање на понудата на IT-базирани ланец на услуги. Повеќе информации ќе најдете на www.kuehnenagel.mk.